Грнчарски средби
Во рамките на Рациновите средби, од 2010 до 2020 година се организираше грнчарска работилница чија цел беше промоција и афирмација на грнчарството во Македонија. Секоја година во куќата на Кочо Рацин се собираа грнчари од целата земја и создаваа нови грнчарски производи.
По завршувањето на работата се организираше изложба на финалните производи. На едно место се спојуваа традицијата, функцијата и уметноста — дела што го покажуваат нашето културно и етничко обележје и нè поврзуваат со корените на нашето битие.
Во средбите учествуваа мајстори од Куманово, Велес, Скопје, Радовиш, Струмица, Вранешница и Неготино, кои со своите вешти раце го чуваат занаетот и го пренесуваат на идните генерации.
Фото галерија
Моменти од проектот
17 фотографии

