РАЗБОЈ · ВЕЛЕС

← Сите проектиРазвој и промоција

Исткаена земја во боите на традицијата

Главната цел на проектот „Исткаена земја во боите на традицијата“ беше велешката грнчарија да се брендира, популаризира и претстави пред пошироката јавност. Проектот им даде можност на новата генерација велешки мајстори да го развива своето производство, а на љубителите на керамиката полесно да дојдат до нивните изработки.

Во проектот учествуваа работилницата „Ќупурли“ и „Борис грнчарија“ од Велес, кои ја продолжуваат вековната традиција преку традиционални и современи уникатни производи. Беа изработени веб-страница и онлајн продавница со историски податоци и фотографии, а беше развиено и решение за етно-еко картонска амбалажа за полесен транспорт и подобра промоција на производите.

Беше организирана и работилница со професионалниот грнчар и ментор од Турција, светскиот шампион во керамика Ахмед Тач. Учесниците изучуваа основи на современиот дизајн и нови вештини, со цел велешките мајстори да го унапредат квалитетот и дизајнот на своите изработки.

Имате идеја?

Отворени сме за нови соработки.

Контактирајте нè